Си-ен-ен јавува дека мобилните оператори во Европа и Азија почнале да ги откажуваат нарачките за паметните телефони на Хуавеј. САД ја стави компанија на црната листа, поради што овој кинески гигант не може да добие софтвер и поедиини компоненти од добавувачите во САД без специјална дозвола.
Постоечките уреди не се загрозени, но забраната ќе влијае на новите телефони, како и на водечката позиција на Хуавеј во светот во однос на 5G мрежата.
Водафон, вториот по големина мобилен оператор во светот, вчера објави дека ги запира нарачките за паметните телефони Huawei smartphone 20X за Велика Британија. Ова е модел кој е компатибилен со 5G мрежата.
“Ова е привремена мерка што ја воведуваме додека постојат неизвесности за новиот уред на Huawei 5G”, изјави портпаролката на компанијата.
Најголемиот оператор ЕЕ во Велика Британија, исто така, го одложува воведувањето на новите Хуавеј паметни телефони. Минатата среда сличен потег беше направен и од најголемиот јапонски мобилен оператор, кој го одложи претставувањето на Huawei P30 Lite.