Јапонките почнале од интернет масовно да ја преземаат апликацијата за заштита од сексуално вознемирување во преполните метроа во период на „шпиц“ периодот.

Апликацијата „Digi polis“ ја создавала полицијата од Токио пред три години, но опцијата за плашење на злосторниците е додадена дури пред неколку месеци. „Digi polis“ оттогаш ја симнале стотина илјади луѓе, што е необично за апликација која ја развила владата.

Во преполните метроа и другите јавни места во Јапонија, жените често се соочуваат со сексуално вознемирување, но воглавно премногу се исплашени за да повикаат помош поради чувството на срам.

Со помош на апликацијата, жртвите можат да притиснат на иконата на телефонот „одбиј злоставувач“ која креира порака „Овде е злосторникот. Ве молам помогнете ми“. После уште едно притискање на иконата, глас непрестајно повторува „Ве молам, престанете!“

Насилните злосторства се ретки во Јапонија, но секусалното вознемирување од допирање на жртвата до ставање раце под нивната облека е секојдневна појава.

На станиците и во метроата се поставени постери со кои патниците се потсетуваат дека сексуалното вознемирување е кривично дело.

Полицијата од Токио соопштила дека во 2017. година биле пријавени 2.620 сексуални кривични дела, вклучувајќи 1.750 случаеви на вознемирување, воглавно во метроата и на станиците.

Извор: B92.net