Британскиот мобилен оператор Vodafone одлучи денеска да го прекине купувањето на 5Г-телефони на Huawei.
Компанијата соопшти дека таа мерка не е трајна и конечната одлука ќе биде донесена во зависност од развојот на ситуацијата со кинеската телекомуникациска компанија.
– Прекинуваме купување на моделот Mate 20 X на Huawei во Обединетото Кралство, соопшти портпаролот на Vodafone, додавајќи дека мерката е „привремена додека не помине неизвесноста за 5Г моделите на Huawei”.
Објавата на Vodafone се случува откако големи мобилни оператори во Јапонија претходно одлучија да го одложат на неодредено време датумот на продажба на новиот P30 на Huawei.
Поврзани артикли