Откако најновиот OnePlus 7 Pro смартфон беше подлегнат на тест на издржливост, Зак од популарниот YouTube канал JerryRigEverything го расклопи телефонот за да открие што се наоѓа во неговата внатрешност. Исто така, Nebula Blue завршницата на задната страна е отстранета со цел телефонот да се направи проѕирен.
Крајниот резултат е интересен и ни дава увид во батеријата, струјните кола и секако моторизираната камера. Секако, за ваквиот потфат е потребно и доста труд, трпение и одредени алатки. Во пратечкото видео можете да го видите крајното решение кое е креирано за OnePlus 7 Pro.