Apple започна со дистрибуција на iOS 11.3, кој носи еден куп подобрувања и нови опции, досега достапни во прелиминарната тест верзија.

Меѓу додатоците има и такви кои влијаат на статусот на батеријата на iPhone 6, 6 Plus, SE, 6s, 6s Plus, 7 и 7 Plus – платформата веќе ќе дава податоци за нејзиниот живот и препораки ако треба да ја сервисирате.
Има и опција за деактивирање на функцијата за ограничување на продуктивноста на процесорот при присуството на истрошена батерија.

Надоградбите ги подобрува можностите за проширена реалност откако веќе може да се постават дигитални објекти и врз вертикални површини, а корисниците на iPhone X добиваат нови анимирани емоџи икони.

Додадена е и функцијата Health Records, која им овозможува на пациентите од над 40 системи за здравствена заштита во САД да ги разгледаат здравствените досиеја во телефонот.

Платформата вклучува и нова икона која ќе се прикажува кога Apple прашува за дозвола да користи лични информации на корисниците.

Целосна листа на промени е достапна тука