Според најавите на операторите, 5G би требало да овозможи масовно вмрежување на интернетот, да ги трансформира животите и работата на луѓето и да стане темел на развиените паметни дигитални општества.

Иако комерцијалната употреба на светско ниво треба да почне во 2020 година, некои големи компании како „Т-Мобиле“, „Водафон“ и кинескиот и корејски „Телеком“ веќе имаа пробни лансирања на технологијата во многу земји, од Кина преку САД, до Германија и Хрватска. Во Јужна Кореја уште од декември 2018 година сите оператори истовремено покренале 5G.

Во САД, „Веризон“ овозможи пристап на 5G-мрежа на неколку локации и ги повика технолошките новинари да ја пробаат. Џорџ Коронеос на „Твитер“ ја објави тест-брзината на 5Г-мрежата на новиот „самсунг галакси С10“, а снимката стана вирална. Брзината на преземање содржина од 1.098 мегабајти во секунда воодушеви многумина.

На тој начин, на 5G-мрежа може да се преземе филм во висока резолуција за само неколку секунди. И резултатите на другите беа импресивни.

– Три теста на 1+ гигабајти во секунда, еден на 650, еден на 643 – објави репортерката Џесика Долкорт.

Извор: Index.hr