Xiaomi е се повеќе популарен на големиот индиски пазар за паметни телефони. Оваа компанија, позната по тоа што за разлика од конкуренцијата, не вложува многу пари во маркетингот, одлучи на невообичаен начин да врши продажба кога станува збор за паметни телефони.
Mi Express Kiosk иницијативата на индискиот пазар донесе уреди за самопослужување на кои клиентите можат сами да го купат посакуваниот Xiaomi паметен телефон или некои од додатоците за нив.
Како и класичните апарати за храна и пијалаци, и во овој случај може да се избере саканиот производ кој по плаќањето ќе падне низ отворот од долната страна на уредот каде што корисникот може да го превземе.
Извор: B92.net
Поврзани артикли