Во август, Vivo го претстави паметниот телефон V29e во Индија, кој сега е достапен на меѓународните пазари со значителни промени.

Индискиот модел е придвижуван од процесорот Snapdragon 695 и има камера од 64 MP, но Vivo сега претстави нова верзија за меѓународните пазари, која носи одредени промени во дизајнот и спецификациите.


За почеток, „меѓународниот“ Vivo V29e има помал AMOLED екран од 6,67 инчи наместо екран од 6,78 инчи, додека максималната осветленост е намалена од 1.300 на 1.150 nits. Овој екран не поддржува 1,5 милијарди бои и HDR10+, но стапката на освежување е 120 Hz, а под него има сензор за отпечатоци.

Разликата е и во батеријата. Индиската верзија на смартфонот има батерија со капацитет од 5.000 mAh, додека глобалниот модел се напојува од батерија со капацитет од 4.800 mAh. Сепак, и двете поддржуваат полнење од 44 W.

Разлики има и во сегментот на камерата. Двете верзии имаат три камери, главната од 64 MP со оптичка стабилизација на сликата, ултра широка од 8 и селфи камера од 50 MP. Но, отворот на примарната и селфи камерата е различна, како и блицот, бидејќи во случајот со глобалната верзија има кружен Smart Aura Light блиц.

Global V29e нема слот за microSD, но има IP54 сертификат. Во својот процесор Snapdragon 695, јадрото Kryo 650 Silver е тактизирано на 1,8 GHz, а не на 1,7 GHz. Исто така, глобалната верзија е за 0,1 мм подебела и 9 грама потешка од индиската. Достапен е во три бои во зависност од регионот, и тоа црна, сина и златна. Процесорот е поврзан со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија.

Цената е околу 315 евра.