Главната цел на Microsoft е нивниот нов оперативен систем да биде користен од максимален број уреди низ целиот свет. Тоа е причината зошто компанијата предизивика негативни коментари за начинот на кој таа агресивно ги обезбедува надградбите. Најновите податоци од Thurott.com откриваат дека Windows 10 моментално активно се користи од над 825 милиони уреди.

Специфичните броеви се генерирани од внатрешен документ на Microsoft прикажан за време на конференцијата Build 2019. Toа значи дека компанијата постепено се приближува до психолошката граница од 1 милијарда компјутери, кои го користат оперативниот систем.

Се чини дека е само прашање на време за компанијата да ја постигне оваа амбициозна цел. Само за неколку дена се очекува да започне и да се шири ажурирањето Windows 10 May 2019 Update. Microsoft потврди дека „апдејтот“ ќе биде достапен за компјутери кои се компатибилни пред крајот на овој месец.