Традиционалните буриња за собирање на дождовната вода честопати се гломазни аксесоари за во домот. Токму затоа студиото Bas van der Veer дизајнираше модерна алтернатива. Raindrop е стилски дизајнирано буре со форма за дождовна капка. Дизајнот беше откриен на тридневниот саем spoga+gafa 2017 во Колоња и ќе биде готов за продажба до 2018 година.

Пред 8 години Ван дер Веер го претстави својот дизајн наречен „Капка вода“ како дел од неговата дипломска работа на Академијата за дизајн во Ајндховен. По неколку добиени награди за дизајнот, се создаде Raindrop. Уредот ќе се вклопи во ентериерот на многу домови со различна големина и функционалност. Моментално се достапни Raindrop Mini, односно помалата верзија и поголемиот модел Pure Rain, кој вклучува и дел во кој може да се бањаат птици.

Се очекува Raindrop да биде во продажба на почетокот на наредната година. Бидејќи е стилски направен, Raindrop нема да собира многу вода. Модерната форма асоцира на содржината во контејнерот – водата. Моделите Raindrop лесно може да се прикачат на одводни цевки со дијаметар од 50 до 80 милиметри.