Samsung направи подобрувања на Galaxy Fold

Samsung вредно работи на тоа да го подобри својот Galaxy Fold, откако компанијата привремено ја сопре објавата на телефонот, поради проблемите кои се пријавени во тестовите на уредите. Сега нов извештај од Јужна Кореја дава детали на овие подобрувања на флексибилниот уред.

Компанијата изгледа успеа да ги реши двата главни проблеми кои се пријавени – честички од прашина, нечистотија и други материјали кои би се заглавувале во шарката и би создавале трајни оштетувања, како и проблемот со создавање на заштитен слој од дисплејот (кој не би требало да се отстранува), што исто така влијаело на оштетување на дисплејот.

Другиот проблем е решен така што Samsung додаде заштитен филм во телото на телефонот, така што сега е тешко да се одлепи заштитата. Покрај ова, ќе биде додадено и големо известување на пакувањето за корисниците да не пробуваат да ја отстранат заштитата од екранот.

Кога е во прашање ситуацијата со шарката, Samsung истакна дека ќе го намали отворот помеѓу горниот и долниот дел на шарката за да спречи екстерни супстанци да продрат во уредот.