Знаеме дека тајванскиот TSMC ќе виде единствениот снабдувач на A13 чиповите на Apple за годинашната iPhone линија. Сега Bloomberg известува дека компанијата веќе почнала со пробно производство на претстојните процесори, со планови дека масовното производство ќе почне кон крајот на следниот месец.
Новиот A13 чип ќе биде изработен во 7nm процес и ќе нуди подобрена EUV (Extreme Ultraviolet) литографија. Како и секогаш, можно е да се очекуваат врвни перформанси и подобрен работен век на батеријата со новите A13 чипови.
Според наводите на инсајдерите, Apple планира да го задржи циклусот на објава од минатата година, а ќе престави два премиум модела, наследници на XS и XS Max телефони, како и надграден iPhone XR. Се очекува дека трите нови телефони ќе задржат најголем дел од дизајнот на актуелните модели, со исклучок на задната страна, која сега ќе има три камери на премиум моделите и две камери на наследникот на XR.