Апликацијата Yolo која дозволува поставување на анонимни прашања на Snapchat корисниците, за кратко време станала многу популарна, но во исто време предизвикала и загриженост заради потенцијалното злоставување на корисниците.

Yolo стана најпреземана апликација за iPhone во Велика Британија и САД, само седум дена после нејзиното лансирање.

Многу е необично што една апликација дошла на врвот на листата на најсимнувани апликации без силна маркетиншка компанија позади себе, што предизвикало сомневање кај техно критичарите.

Виралниот успех на оваа апликација, предизвикал голема загриженост, заради склоноста кон злоставување на корисниците, а особено децата кои преку неа можеле да праќаат и да примаат анонимни пораки од јавноста.

Претходните анонимни онлајн сервиси за прашања и одговори, уништени се заради злоупотреба и злоставување.

„Апликациите, како што е Yolo, кои доживуваат анонимни коментари можат полесно да се злоупотребат за испраќање на навредливи или вознемирувачки пораки на корисниците. Snapchat треба да има оправдување за водењето на грижа за децата“ – изјавиле од BBC.

Американската компанија за безбедност на деца на Интернет исто така сугерирала дека Yolo има премала старосна граница за корисниците.

Yolo е една од првите апликации која е направена со Snap Kit, софтверот кој го основа Snapchat, минатата година.

Името на апликацијата е акроним за “еден е животот“ (You Onlu Live Once).

Апликацијата функционира така што на луѓето им овозможува да испраќаат анонимни пораки на други луѓе.

Објавата може да се испрати на одредена група на луѓе на Snapchat или да се стави на Snapchat Story и така се споделува со поголемата маса на луѓе.

Тие кои што ќе ја видат таа објава, можат да му испратат анонимна порака на корисникот на Yolo. Доколку тој што ја има поставено оригиналната порака одлучи да одговори, неговиот одговор автоматски ќе биде поставен на Snapchat.

Оваа апликација ја разви француската старт-ап компанија „Popshow Inc“, која претходно беше одговорна за спорната апликација која им дозволуваше на луѓето да поставуваат реакции на смешни видеа.

Извор: Klix.ba