Surface Go уредите никогаш не биле креирани да бидат моќни, а дизајнирани се за да бидат преносни и да понудат брз пристап до Windows за корисниците во движење. Лаптопите секогаш се промовирани како „секојдневни компјутери“ и како пратечки уреди покрај стационарниот десктоп PC. Меѓутоа, и покрај тоа Surface Go modelite остварија солиден успех и фановите се надеваа на наследник.

Судејќи според неодамна протечените информации, следниот Surface Go нема да има поголема надградба. Surface Go 2 ќе има конфигурација со Intel Core m3-8100Y процесор (моментно најновиот и последен чипсет во Core m3 серијата). Во прашање е надградба во однос на Pentium Gold 4415Y чипот од првиот Surface G модел, но не толку голема.

Има малку измени и на останатите полиња. Ќе постои 256GB SSD опција, додека RAM меморијата останува во границите од 8GB. Другите детали не се познати, но доколку се погледне поскромниот чипсет, не останува надеж дека остатокот од карактеристиките ќе добијат некоја поголема надградба.