Во минатото кога ќе дојдеше до прекин на програмата на телевизорот, ќе се чуеше ужасно пискање, а на екранот на телевизорот ќе се појавеа необични шарени квадрати, правоаголници и линии.
Разнобојните форми и кругови, квадратчиња, правоаголници и линии кои ги следи едно прашање, се викаат тест карти или тест шаблони. Овој телевизиски тест сигнал, се емитува во моментите кога трансмитерот е активен, но не емитува програма – значи, на почетокот и на крајот од емитирањето.
Шарите се испратени со пискање, едноличен синусен тон, но некои од телевизиските станици во позадина на тест картите пуштаа и радиосигнали или инструментална музика. Ваквите тест карти се користеле од самиот почеток на телевизијата. На почетокот тие биле вистински картички во кои била насочена камерата, а главната цел била спарувањето на камерите и калибрирањето на сигналите. Во денешно време за тоа се користат генератори, за тест сигналите за кои не е потребно присуство на камери. Дигитално изработените тест карти на сите им овозможуваат (и на гледачите и на телевизиските станици) да ја подесат својата опрема за да добијат оптимален квалитет на сликата.
Кругот беше присутен заради подесувањето на линеарноста во она време кога во телевизорите се користеа електронски цевки. Тест картите содржат сет шари кои им овозможуваат на телевизиските камери и гледачи адекватно да ја подесат сликата на своите уреди. Централниот дел на тест картите, биле таканаречените SMPTE траки во различни бои и тоа од левата кон десната страна, по ред: бела, жолта, зелена, црвена и сина. Покрај овие бои, тука се наоѓаа и различни нијанси на црната боја кои овозможуваа јачината на светлината и контрастот на екраните да се подесат што подобро.
Најпознатите тест карти се направени во 1966-та година во лабораторијата на компанијата „Philips“. Содржината и формата на овој шаблон ја смислил инженерот Фин Хендли со помош на главниот инженер Ерик Хелмер Ниелсен. Хендил со својот инженерски тим направил и опрема која ќе го генерира шаблонот наречен – „Philips PM5544“.
Извор: Srbija Danas