Првите чекори во светот на паметните телефони на преклоп, опремени со свитливи екрани, ги направила речиси тотално непознатата компанија Royole, претставувајќи го на почетокот на ноември минатата година, првиот уред со име FlexPai.

Бројни многу попознати произведувачи, последните месеци од минатата година па се до денес, најавуваат слични модели и од околу пуштаат информации за нив. Меѓу нив предничат Samsung, Huawei и Xiaomi.

Изгледа дека во тоа најдалеку стигнал јужнокорејскиот гигант, кој, во текот на минатогодишната конференција за девелопери, веќе го прикажал својот прототип на свитлив екран, за кој се претпоставува дека ќе биде составен дел од идниот модел на Galaxy Fold, односно Galaxy F.

Прикажаниот уред има два екрани, поголем “внатрешен” и помал надворешен, и се витка на средината. Во текот на прикажувањето, изгледало дека куќиштето на уредот има нешто подебел дизајн. Вистинската причина за тоа било заштитното куќиште, со кое Samsung од конкуренцијата го сокрил вистинскиот дизајн на уредот.

https://youtu.be/ajD2WZioOOc

Изгледа дека Samsung, непосредно пред претстојниот Мобилен конгрес, кој кон крајот на месецот се одржува во Барселона, одлучи да најави како би можел да изгледа дизајнот на Galaxy Fold.

Во рекламното видео, кое првобитно било објавено на YouTube каналот за виетнамскиот пазар, прикажани биле идните уреди на јужнокорејскиот произведувач, меѓу кои за момент се гледа телефон со свитлив екран.

Уредот делува потенко од тој што бил прикажан на споменатата конференција, а на снимката се гледа дека предниот екран по отварањето не се гаси, што, веројатно, е направено за да се воочат двата дисплеја.

Дали свитливиот Galaxy ќе изгледа како на снимката би можеле да дознаеме и пред MWX, со оглед на тоа дека Samsung за 20 февруари во Сан Франциско го закажа UNPACKED настанот на кој официјално ќе ги претстави моделите на Galaxy S10 серијата.

Извор: B92.net