Ако може да му се верува на сајтот Bright Sige, нашите куќни уреди, мобилни уреди и електрониката имаат „таен“ живот, кој продолжува и кога ќе ги исклучиме, односно изгасиме, како што многумина сакаат да кажат.

Овој таен живот, како што тврдат, е одговорен за потрошувачката на струја која на некој може да му изгледа занемарлива, но сепак е потрошена струја. Еве пет уреди кои најчесто ги оставаме вклучени и кога мислиме дека повеќе не работат:

  • Полначот на мобилниот телефон без телефонот, 1.2 вати дневно (минимално)
  • Телевизискиот, односно кабловскиот рисивер, 22 вати дневно (22)
  • Телевизорот, 24 вати дневно (25)
  • Компјутерот или лаптопот, 96 вати дневно (100)
  • Уредите со дигитален тајмер, 108 вати дневно (114)

Вкупната потрошувачка на струја, според овој сајт, е дадена во заградата покрај уредот.