Според извештаите, Huawei работи на првиот 5G 8K телевизор. Кинескиот гигант, кој произведува сопствени 5G чипови, би бил новајлија на полето на телевизори.

Малку компании разгледуваат идеи на полето на 5G TV, меѓутоа ваквиот вид конекција би им овозможил на корисниците брзо да преземаат VR или други содржини кои обилуваат со податоци, како и тоа истите содржини да ги гледаат на дисплеј со висока резолуција.

Иако преносот на 8К содржини на телевизорите се уште претставува реткост, 4K TV веќе станува стандард, што пазарот на телевизори полека во насочува кон следните достигнувања. Се очекува дека и наредната верзија на PlayStation конзолата ќе поддржува 8K резолуција. Samsung и Sony веќе почнаа со продажба на 8K телевизори, иако 8K содржините се релативно ретки.

Како што сугерира VentureBeat, Huawei 5G TV би можел да служи и како рутер за останатите уреди и паметни куќни апарати. Huawei засега не сака да ги коментира наводите на оваа тема, кои ги објавија азиските медиуми.