Се очекува дека Google својот Pixel 3 смартфон ќе го претстави во октомври, а сега се појавија информации кои сугерираат дека со новиот смартфон би можеле да го видиме и Pixel брендираниот паметен часовник.

Информациите пристигнуваат од познатиот дојавувач @evleaks, кој сугерира дека Google ќе ги претстави Pixel 3, Pixel 3 XL и втората генерација Pixel Buds слушалки во текот на настанот во октомври, а специјалната објава ќе биде резервирана за паметниот часовник под Pixel брендот.

Ова е прв пат да слушнеме за постоење на можност за објава на Pixel паметен часовник, но информацијата секако не претставува изненадување. Qualcomm, кој произведува процесори за сите постоечки Wear OS паметни часовници, веќе потврди дека ќе објави нов процесор за Wear OS уредите оваа есен, и дека партнерите на компанијата во исто време ќе објават и нови производи со овие процесори.