Научниците од Институтот за интернет во Оксфорд (OII) објавија резултати од една интересна студија за динамиката во односот меѓу живите и мртвите корисници на социјалната мрежа Facebook. Податоците покажуваат дека до 2070 година бројот на починати корисници на Facebook може да го надмине бројот на живите. Кон почетокот на 2100 година, мртвите луѓе со се уште активни профили на мрежата ќе достигнат најмалку 1,4 милијарди.

Пресметките се базираат на две сценарија. При првиот се подразбира дека бројот на корисниците на Facеbook ќе остане на нивото од 2018 година. Во овој случај до крајот на столетието починатите корисници од азиските земји ќе изнесуваат 44 проценти од сите мртви, а речиси половина од нив ќе бидат од Индија и Индонезија, или околу 279 милиони.

Второто сценарио претпоставува 13 одсто годишен раст на корисници на Facebook. При таков развој, кон крајот на векот бројот на мртвите корисници ќе надмине 4,9 милијарди. Најголем удел во оваа статистика ќе има африканскиот регион или попрецизно Нигерија, на која ќе се паднат 6 проценти од вкупниот број мртви профили на Facebook.