Рендери од се уште непретставениот смартфон на преклоп на Motorola, RAZR V4 се појавија на социјалната мрежа Weibo.
Овие рендери претставуваат прв увид во дизајнот на уредот, доколку не се земат во предвид скиците на патентот, а исто така потврдуваат дека се работи за преклопен уред со засек во екранот. На рендерите има и сталак за безжично полнење, како и некои додатоци.
Дизајнот на смартфонот на рендерите одговара на она што имавме прилика да видиме на скиците на патентот во јануари, но е невозможно да се потврди втората гласина, која говори за секундарен дисплеј на предната страна на уредот.
За разлика од конкурентите од Samsung и Huawei, RAZR се преклопува вертикално, а не хоризонтално. Овој дизајн овозможува полесна преносливост во однос на таблетот, кој се преклопува во облик на смартфонот.
Wall Street Journal наведува дека смартфонот ќе чини 1.500 долари.
Од Motorola уште во февруари е потврдија дека работат на нов RAZR уред. Засега нема официјален датум на претставување на смартфонот.