Microsoft засега не го отстранува Paint од Windows 10

Microsoft Paint е една од апликациите кои се обележени за бришење со доаѓањето на Windows 10 Fall Creators Update. Иако Paint оттогаш остана достапен за корисниците, апликацијата никогаш не доби нови функции, бидејќи и натаму се соочува со можноста за исфрлање од Windows 10 во некој момент во иднина.

Кон крајот на 2017. година, Microsoft почна со приказ на предупредувања во рамки на Paint, кои корисниците ги известуваа за гаснење на сервисот, кој би требало да го замени Paint 3D. Ова сепак не значеше дека апликацијата во целост ќе биде отстранета: и натаму би била достапна во Microsoft Store.

Сега Brandon LeBlanc, виш програм менаџер на Microsoft за Windows истакна дека софтверскиот гигант нема да ја отстрани апликацијата – барем кога некој иден период е во прашање.

LeBlanc истакна дека Paint останува во Windows 10 и ќе биде дел од 1903 верзијата на платформата, односно Windows 10 May 2019 Update, кој заживеа минатата недела во рамките на Microsoft Developer Network. Засега не е познато поради што Microsoft одлучи да го задржи Paint во сегашниот облик.