Познатиот американски произведувач наскоро ќе произведе уред за чиј процесор ќе се погрижи произведувачот Intel.

Откако го раскина долгото партнерство со кинеската компанија Qualcomm, Apple полека почна да соработува со Intel, па со текот на времето во своите уреди се почесто почна да ги вградува нивните чипови.

За потсетување, првите телефони кои користат чипови од Intel se iPhone 7 и iPhone 7 Plus, а според шпекулациите кои се шират во индустријата на смартфони, Apple наскоро би можел да потпише ексклузивен договор со Intel, на кого прилика за соработка со популарниот произведувач на смартфони сигурно би му одговарала.

Секако, како и пред секоја официјална објава, тука се многу „инсајдерски прогнози“ кои сите со нетрпение ги очекуваат, а според кои компанијата Apple наводно наскоро планира да премине на 5G  мрежа и тоа заедно со Intel.

Како што сега стојат работите, 5G чиповите на Qualcom се подобри од оние на Intel, на што Intel планира сериозно да поработи.

Нови, брзи и напредни чипови ќе станат основа на уредите на Apple, но не пред крајот на деценијата.

Apple, очекувано, не се огласи по овие шпекулации.

Извор: Tportal.hr