Компанијата Facebook признала дека милиони кодови на корисниците на Instagram биле изложени на нивните сервери.
Откриено е дека кодовите се складирани во обичен текст и им биле достапни на 20.000 вработени луѓе во Facebook кои можат да ги искористат во било кој момент.
Тие објавија дека со безбедносниот надзор откриле дека 600 милиони кодови се зачувани во формат кој може да се прочита. Facebook соопштил дека ќе ги извести корисниците за овој проблем, како што го направиле тоа и претходно.
Со истрагата е потврдено дека складираните кодови не се интерно злоупотребувани или неадекватно користени за пристап”, рекол потпретседателот од одделението за инженерство и безбедност во Facebook, Педро Канахуати.
Истражувачите откриле дека овој начин на складирање датира уште од 2012 година, а компанијата го воочила дури во јануари минатата година. Ова е само еден во низата пропусти поради кои Facebook се најде на удар минатата година.
Извор: Klix.ba