Напредокот на технологијата е одлична работа и оди се подалеку и подалеку, а секако дека Јапонија веќе со години е меѓу лидерите во светот на ова поле. Но, оваа нова вест е помалку застрашувачка.

Научници од Универзитет во Јапонија направиле робот кој чита мисли. Нивната вештачка интелигенција може да учи и искуството да го искористи за вам да ви ги чита мислите.

Целта била компјутерот, кога ќе види примерок од мозочната активност на личноста, додека гледа слика, да препознае за што станува збор и потоа да ја генерира сликата.

Крајниот резултат бил прилично импресивен: Независен човечки набљудувач во ова истражување успеал во 99 отсто од слуачите да погоди која слика ја генерира компјутерот.