Facebook призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави CNN. Најголемата социјална мрежа во светот соопшти дека пописите на контактите од електронските пошти „ненамерно“ биле преместени на Facebook, по промена на дизајнот, кој го извршиле пред речиси две години. Компанијата тврди дека почнала процес на бришење на собраните контакти.
Од компанијата објасниле дека проблемот настанал пред три години, кога го промениле начинот на креирање корисничкиот профил на социјалната мрежа. Пред тие промени, корисниците имале можност за креирање попис на контактите од е-поштата за време на отворањето на профилот, за полесно да пронајдат пријатели кои веќе се на Facebook.
Во 2016 година Facebook ја отстрани опцијата која објаснува дека пописот на контакти на корисниците може да се пренесе на таа социјална мрежа, за време на отворање на корисничкиот профил. Поради тоа, во некои случаи, пописите на контакти од електронската пошта се пренеле на Facebook без знаење или дозвола од корисниците.