Неколку организации во Русија останаа без услугите на апликацијата Slack откако нивните профили беа затворени.

Апликацијата Slack е во сопственост на компанијата Salesforce, која почна да ги затвора профилите на корисниците од Русија, а тоа е резултат на санкциите воведени кон оваа земја поради инвазијата на Украина.

Профилите се гасат главно од организации кои се директно засегнати од санкциите.

Slack служи како главна форма на комуникација за компаниите, може да се користи и за споделување датотеки во рамки на организациите, така што претежно содржи многу важни податоци. Организациите кои ненадејно го изгубиле пристапот до профилите би можеле да останат без шанса да ги вратат своите податоци доколку претходно не се подготвиле за можноста за одземање на пристапот до Slack.

Salesforce претходно месецов објави дека го напушта бизнисот во Русија. Се наведува дека Slack има мал број корисници во оваа земја и дека исклучувањето со нив е веќе започнато.

„Slack мора да преземе мерки за да се усогласи со санкциите во САД и другите земји каде што има операции, а тие вклучуваат затворање профили без претходна најава, како што налага законот. Ние сме во контакт со клиентите кои подлежат на санкции кога станува збор за нивниот статус, а на начин дозволен со закон“, соопштија од Slack.

Slack не ги брише податоците на руските клиенти, но санкционираните организации нема да можат да пристапат до нив додека не се укинат санкциите.

Извор: Klix.ba