Ако се уште користите Internet Explorer, сега е најдобро време да престанете и целосно да го отстраните од вашиот компјутер. Посебно бидејќи и Microsoft одамна крена раце од него.

Но, причините за престанокот на користење и бришење на Internet Explorer воопшто не се наивни.

Експертот за компјутерска безбедносн, Џон Пејџ откри сигурносен пропуст во Explorer кој на хакерите им овозможува кражба на кориснички податоци од Windows – дури и ако корисниците никогаш не го користат IE. Доволно е да постои на компјутерот.

Хакерите можат да ја откријат ранливоста во фајловите кои Internet Explorer ги користи за својата интернет архива. Се работи за фајловите кои ја имаат екстензијата “.mht”, а кои се специфични токму за Internet Explorer.

Доволно е хакерот да му испрати мејл на корисникот со фајл што ја имаа таа екстензија. Откако корисникот ќе кликне на тој фајл, на хакерот му е вратата ширум отворена.

Пејџ за откриениот безбедносен пропуст го извести и Microsoft, кој имаше “интересен” одговор.

“Утврдивме дека поправката на овој проблем ќе биде земена во предвид во идните верзии на овој производ или услуга”, му одговорија на Пејџ од Microsoft.

Со оглед на тоа дека Microsoft престана со поддршката за Internet Explorer, се верува дека од поправката нема да има ништо.