Американската технолошка компанија, Intel повеќе нема да произведува 5G модеми за паметни телефони, се вели во соопштението на компанијата.

Наместо тоа, производителот ќе ги разгледа можностите за создавање на 4G и 5G модеми за персонални сметачи и останати уреди поврзани со интернет.

Компанијата ќе продолжи да инвестира во својата 5G бизнис инфраструктура.

Според извршниот директор на Intel, Боб Свон “веќе нема јасна насока за профитабилност и позитивен исход“ за бизнисот со модеми за смартфони. Одлуката доаѓа по спогодбениот договор на Apple и Qualcomm за отфрлање на тужбите.