Откако неодамна го подложи Galaxy S22 Ultra на тест за издржливост, YouTube каналот JerryRigEveything сега го расклопи телефонот, давајќи ни увид во внатрешноста на уредот.

Зак Нелсон од споменатиот канал, реши да ни покаже како Samsung го направил S Pen слотот водоотпорен. Процепот е покриен со густ пластичен материјал, кој е запечатен за да се спречи продирање на вода. На врвот на отворот има калем што ја полни батеријата на паметното пенкало.

Одвојувањето на задната плоча бараше загревање, а се забележува дека стаклената плоча и неговите засеци за камерата се трајно поврзани. Ако се скрши еден од објективите на камерата, ќе биде неопходно да се замени целиот заден панел за да се поправи телефонот.

Батеријата се држи на место со големо количество лепило, а за да се одлепи е потребно да се прелие голема количина изопропил алкохол.

По расклопувањето, следеше повторно склопување. Иако беше очигледно дека Samsung Galaxy S22 Ultra работи, екранот не се вклучи, а причината беше тоа што кабелот на дисплејот беше малку оштетен при демонтажата на уредот.

Целосниот процес на расклопување погледнете го во придружното видео.