Иако безжичното полнење стана речиси вообичаено кај смартфоните, Google оваа карактеристика од некоја причина не ја импленентираше својата Pixel линија. Меѓутоа, изгледа дека компанијата би можела да го промени ваквиот став со Pixel 3 линијата, а информации за ова ни донесува тимот на XDA.

Според извештајот, сет на протечени фотографии ни го прикажува Pixel 3 Xl со заден дел од стакло, што е индикатор дека некој уред може да ја има опцијата за безжично полнење. Меѓутоа, задната стаклена страна може да биде имплементирана и исклучиво од естетски причини.

XDA пронајде и дел од кодот во Android P Developer Preview верзијата, која исто така укажува на можноста на имплементација на безжично полнење. Во рамките на кодот, можно е да се пронајдат референци за термините како “wireless charger” i “dock”,  што сугерира дека новите Pixel телефони би можеле да пристигнат со безжично полнење и сталак.

Како што забележува XDA, изгледа дека Google ја тестира оваа опција интерно, а засега не е сигурно дали безжичното полнење навистина ќе биде имплементирано на Google Pixel 3 линијата телефони.