Samsung во Милано ги промовираше Galaxy А20е, А40 и А80, креирајќи го целосно новото Galaxy A семејство паметни телефони.
Компанијата Samsung денеска официјално го лансираше новото Галакси А (Galaxy A) семејство со претставувањето на три нови паметни телефони – моделите А20е, А40 и А80, кои се приклучуваат кон веќе најавените А10, А50 и А70, креирајќи ја досега најсилната серија уреди на Самсунг во овој сегмент. Целосно новата Галакси А серија носи возбудливи иновации од индустријата за новата генерација на потрошувачи, овозможувајќи им стилски премиум карактеристики и искуство по навистина пристапна ценовна точка.
“Галакси А серијата пристигнува со најсовремена технологија, најнови врвни иновации и напредни карактеристики, овозможувајќи и на денешната генерација корисници да го прави она што останатите не можат. Овој сегмент на уреди е редефиниран од новата генерација која гледа да го добие најдоброто од она што и е потребно. Како дел од Самсунг, навистина сме возбудени што можеме да го овозможиме токму тоа – да им дадеме на корисниците избор од уреди согласно нивниот буџет кои имаат најдобар екран, најдобра камера и најдобра батерија.“ – изјави Хардиан Бауман (Hadrian Baumann), Сениор Потпретседател и главен одговорен за Продажба во Бизнис секторот за Мобилни Комуникации, Самсунг Електроникс Европа.
Со палета од шест уреди, Галакси А семејството им овозможува на потрошувачите да одберат уред кој најдобро се вклопува во нивниот животен стил и буџет. Без разлика дали им е потребен поголем и посветол екран за да гледаат содржини, супер широко-аголна камера со три леќи за зачувување на секојдневните мигови, или пак интелигентна, доволно моќна батерија која ќе ги следи во секој чекор деноноќно, Галакси А е тука за нив поседувајќи го сето она што им е потребно.
Дизајнирана за Европскиот пазар
Серијата Галакси А беше развивана како директен одговор на континуираниот пораст во сегментот и зголемените очекувања на корисниците кои се во потрага по квалитет и иновација. За да им служи најдобро што може на Европските корисници, Самсунг претстави два нови уреди кои беа развиени специјално за овој регион – моделите А20е и А40. Двата уреди исто така поседуваат врвна иновација која е стандардна за Галакси А, додека помалата големина на екранот е рефлексија на потрошувачкиот тренд во Европа за компактен уред.
Галакси А20е (Galaxy A20e)
Галакси А20е поседува 5.8-инчен “Infinity-U“ екран, овозможувајќи долготрајни перформанси, дизајнирани во чекор да ги следат секојдневните побарувања на корисниците.
Опремен со моќна батерија од 3,000mAh, новиот A20e им овозможува на корисниците да ги гледаат нивните омилени филмови, да играат игри или пак истовремено да работат на различни задачи, притоа чувствувајќи сигурност дека нивната батерија навистина ќе го издржи сето тоа. Дополнително, со помош на технологијата за брзо полнење од 15W, корисниците со само едно кратко полнење повторно може да се вратат на своите активности.
Галакси А40 (Galaxy A40)
Галакси А40 е наменет за оние кои сакаат компактен уред, без притоа да мораат да направат компромис за квалитетот на нивното искуство при гледање содржини или перформанс. “Infinity-U“ екранот од 5.9-инчи кој се протега од едниот до другиот раб на уредот овозможува непрекинато визуелно искуство кое совршено удобно се вклопува во раката на корисникот. Без разлика дали корисникот онлајн ќе гледа ТВ или пак ќе игра игри, Супер АМОЛЕД (Super AMOLED) екранот со “Full HD+“ допринесува за неверојатен квалитет и јасност на сликата.
Новиот А40 е опремен со паметна технологија за камера, како двојна камера која овозможува креирање на фотографии со приказ до 123° и интелигентна функција “AI Scene Optimizer“ која го нагласува најдоброто во секоја фотографија. Овој уред исто така вклучува и моќна предна камера од 25MP која може да ги оптимизира премногу или премалку осветлените сцени, овозможувајќи му на корисникот секогаш да изгледа најдобро што може.
Галакси А80 (Galaxy A80)
Дизајниран имајќи ги на ум оние кои се дел од “дигиталната ера“ од своето раѓање и создаден со првата ротирачка камера на Самсунг, новиот Галакси А80 им овозможува на корисниците беспрекорно да го доловат светот околу нив. Автоматската “поп-ап“ ротирачка камера покрај тоа што овозможува несекојдневно, неверојатно искуство и за предната и за задната камера, истовремено овозможува целосна, непречена искористеност на екранот. Новиот “sAMOLED 6.7” FHD+ Infinity“ екран ја прикажува содржината во кристално јасни детали, во комбинација со Долби Атмос (Dolby Atmos)звук, креирајќи целосно неверојатно искуство.
Галакси А80 исто така вклучува и интелигентна батерија од 3,700 mAh која ги “учи“ корисничките навики и секојдневни рутини, како и шаблоните на користење на апликациите, се со цел да ја оптимизира потрошувачката на батеријата на телефонот. Со помош на можноста за Супер Брзо полнење од 25W, корисниците на новиот А80 ќе минуваат уште помалку време поврзани за полнач.
За повеќе информации за Галакси А серијата, посетете ги следните страници: www.samsungmobilepress.com, www.news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy