Oppo R11 е новиот смартфон кој ќе биде ултра привлечен за фановите на добрата фотографија
бидејќи располага со две главни камери од кои едната има 20 мегапиксели со телефото леќа, а
другата има 16 мегапиксели со 2х оптички зум, селективен фокус и Qualcomm Spectra ISP
технологија, додека пак селфи камерата исто така е фантастична со сензор од 20 мегапиксели.

Oppo R11 има одличен сет на спецификации надополнети со 5.5 инчен AMOLED Full HD дисплеј,
работи со новиот моќен Snapdragon 660 процесор, 4 GB RAM, 64 GB основна меморија, како и
батерија со капацитет од 3000 mAh.

Oppo R11 има тенко метално тело, како и модерни додатоци со златна, розева и црна боја. Се
претпоставува дека цената на Oppo R11 ќе изнесува 450 долари, но таа ќе важи за азискиот пазар.