Оние кои ги чекаат наследниците на лаптопот на Google, Pixelbook или таблет компјутерот Pixel Slate имаат причини за задоволство, бидејќи компаниите навистина подготвува нови уреди.

Google за The Verge потврди дека на пазарот ќе пласира нови таблет компјутери и лаптопи. Компанијата својот оддел под името Create го реорганизираше и дел од персоналот го пренасочи во другите оддели за да се работи на новите уреди.

На Pixelbook му е потребно освежување за рамноправно да се носи со конкурентите од истиот ценовен ранг. Google продолжува да ги развива своите cloud услуги, вклучувајќи го гејмингот со компанијата Stadia.