Меѓународен тим научници најави за денеска претставување на неверојатно научно откритие – првата фотографија од црна дупка, подвиг кој ќе ја тестира општата теорија за релативност на Алберт Ајнштајн.

Прес-конференции ќе бидат одржани во Вашингтон, Брисел, Сантијаго, Шангај, Тајпеј и Токио, на кои ќе бидат објавени историски резултати од проектот „Event Horizon Telescope“ (EHT). Проектот е започнат во 2012 година со цел директно да се набљудува околината на црна дупка со помош на глобална мрежа на телескопи.

Црните дупки се скоро невидливи поради негативното влијание на светлината, па научниците се фокусираат на нејзиното опкружување, поточно на светлината и материјата во нејзината најблиска орбита. Хоризонтот на настани е сферата која ја опкружува црната дупка од која не може да излезе ниту светлина, ниту материја.

Проектот се фокусира на две супермасивни црни дупки кои се наоѓаат во центарот на различни галаксии. Истражувањето ќе ја тестира општата теорија за релативност на Ајнштајн од 1915 година, која ги објаснува законите за гравитација и нивниот однос кон другите природни сили.