Обидувајќи се да пристапат до корпоративните компјутерски системи, хакерите се почесто го напаѓаат Internet of things (Интернет на уреди), каде што се поврзани уреди во домаќинството како климатезери и камери.

Интернетот на уреди е комбинација од хардвер, софтвер и апликации кои ги поврзуваат паметните уреди од нашето опкружување кои се опремени со сензори, процесори и уреди за комуникација.

Извршната директорка на компанијата Darktrace, Никол Иган кажа дека постојат се поголем број вакви уреди, од термостати, системи за ладење, клима уреди до безжични звучници кои луѓето ги носат со себе. Според неа, сите тие претставуваат незаштитена мета за хакерски напади.

Како пример таа наведе еден случај на кој што работела нејзината компанија, каде што хакери влегле во компјутерските систем на едно казино преку термометарот во аквариумот.

Хакерите преку термостатот влегле во компјутерската мрежа, а потоа од базата на податоци украле важни и приватни информации за посетителите на казиното.

Роберт Ханиган, поранешниот директор на британската разузнавачка агенција за следее на електронските комуникации GCHQ, потврди дека нападите на Internet of things се се поголем проблем за компаниите.

– Знам за пример каде што банка беше хакната преку нивните камери, изјави Ханиган.