Компанијата LG веќе овозможи Android 9.0 Pie надградба за своите минатогодишни модели на паметни телефони LG G7 One и LG G7 ThinQ, а сега пристигнуваат информации за надградба на уште четири нивни паметни телефони.

Планирана е надградба на Android 9.0 Pie за уште четири паметни телефони од V серијата на LG. Тоа се LG V30 ThinQ, LG V30S ThinQ, LG V35 ThinQ и LG V40 ThinQ.

Точниот датум на пристигнување на надградбата на овие уреди не е познат, но познат е месецот кога надградбата би требало да биде достапна, а тоа е мај оваа година.

Притоа треба да се напомене дека се работи за официјални надградби кои се однесуваат исклучиво на домашниот јужнокорејски пазар, додека корисниците на останатите пазари доаѓањето на официјалната надградба на Android Pie ќе ја почекаат нешто подолго.