Apple Music отсекогаш овозможува онлајн алатка за генерирање на виџети со кои изведувачите ја рекламираат музиката во свои блогови и веб сајтови. На овој начин можете да стигнете до повеќе корисници кои можат да ги слушнат албумите и нивните изведувачи во живо. Новата надградба на оваа функција носи интересна промена во интерфејсот, која освен опцијатa да се логирате на Аpple Music го отстранува и ограничувањето за preview на песни од 30-90 секунди и веќе овозможува да слушнеме цела песна, информира 9to5mac.

Податоците за ова ажурирање се појавуваат недели откако на интернет почна да се дискутира желбата на компанијата да претстави онлајн клиент, кој обезбедува пристап до сите функции во услугата. Тоа ќе им овозможи на корисниците да ја отворат целата своја колекција со содржина од веб-прелистувачот на ист начин како што тоа го прават од Music апликацијата на iPhone или iPad. Се уште не знаеме дали во реалноста тоа се плановите на Apple, но по се изгледа дека се експериментира со нови функции во стриминг платформата.

Исто така, предвидена е можноста за додавање на албуми и листи за кон својата колекција од содржина, без да мора да го напуштите прелистувачот. Сепак, треба да наведеме дека веб плеерот на Apple Music не работи, како оној во Spotify, бидејќи не дозволува да го отворите музичкиот каталог, да креирате плејлисти и да гледате што вашите пријатели слушаат. Компанијата се уште не коментираше за идните планови за развој на својата популарна услуга и наскоро ќе ни овозможи да ги користиме сите нејзини функции директно од прелистувачот.