Веднаш да разјасниме. Ова не се шпионски фотографии на функционален iPhone 8, туку макета која открива како би требало да изгледа конечниот уред. Ако може да им се верува на досегашните гласини, новиот iPhone би требало да има OLED екран, во кој ќе биде вграден и читачот на отисоци.

Самиот дисплеј на рабовите ќе биде благо заоблен, во стилот на актуелните 2,5D екрани. Иако на овие фотографии тоа не видливо, iPhone 8 наводно ќе има екран од раб до раб и нема да има home копче. Одзади се наоѓа двојната камера, но овој пат во вертикално издание, за разлика од онаа на iPhone 7 Plus. Видлива е и метална рамка на која се наоѓа Lightning влез со отвор за надворешен изглед.

Според информациите од неколку различни извори, овој уред ќе има потполно нов дизајн на кој најмногу ќе се истакнува куќиштето од нерѓосувачки челик сместено меѓу две стаклени плочи. Дијагоналите на екраните засега не се познати, како ни бројот на модели. Apple веројатно ќе лансира два, а постои одредена шанса оваа година да видиме три модели.

Официјалната презентација се очекува наесен, иако во повеќе наврати можеше да се прочита дека лансирањето е одложено за следната година. Повеќе гласини, што ова ќе го потврдат или демантираат можеме да очекуваме во следните месец или два.