Кинески истражувачи одлучија да ја тестираат сигурноста на Tesla, го хакираа автопилот системот и го упатија автомобилот во спритивна насока. При тоа испробаа неколку методи, па дури и добија одговор од компанијата Tesla.

Најефикасен метод се покажа оној во кој истражувачите поставиле три специфично поставени налепници и на тој начин креирале “лажна патека”. На тој начин, го измамиле системот да верува дека треба да сврти и да продолжи да вози во соседната лента, која оди во спротивна насока.

“Нашето истражување покажа дека овој систем има неколку ризични работи и дека Tesla би требало да поработи на тоа системот да препознава како изгледа лентата која вози во спротивен правец”, истакна еден од истражувачите.

Портпаролот на Tesla посочи дека е воодушевен од истражувањето, но дека проблемите наведени во него не ги смета за реални закани, бидејќи возачот во секој момент може да го преземе воланот во свои раце и да спречи сообраќајна несреќа,

Исто така, додека дека му се допаѓа начинот на работа на оваа група истражувачи, и дека е свесен дека вложиле доста труд и вештини во ова истражување.

“Ќе продолжам да ја следам нивната работа”, заклучи портпааролот на Tesla.