Јапонскиот производител на автомобили Toyota, кој веќе повеќе од 20 години произведува електро-бензински мотори, одлучи и на останатите компании да им овозможи полесен влез на пазарот на хибридни возила. За таа цел, ja отворија својaта база од 23.740 патенти, поврзани со оваа технологија и ги дадоа сите на располагање, без надомест.

Другите производители до 2030. година ќе имаат пристап до технологиите на Toyota за изработка на хибридни возила и тоа до оние кои им овозможиле нивните автомобили, со користење на комбинација од елекетричниот и погонот на фосилни горива, да бидат поефикасни, а моторите да бидат полесни и покомпактни. Во Toyota се надеваат дека со отворањето на патенти би можела да се зголеми понудата на хибридните возила на пазарот, што на нив би им помогнало во вид на намалување на трошоците на производство. Во глобала, повеќе електрифицирани возила, би значело и почиста околина и помалку јаглерод диоксид испуштен во атмосферата.

Овој потег се толкува и како обид за “одбрана” на хибридната технологија од се посилното влијание на целосно електричните возила. Toyota својот прв хибриден Prius го произведе дамнешната 1997. година и оттогаш оваа технологија значајно ја унапреди, за денес да држи околу 80 проценти од светскиот пазар на хибриди.