Извршниот директор на Huawei Consumer дивизијата, Ричард Ју ја најави новата двојна бренд стартегија за Huawei и Honor уредите. Ова се надградби на стратешките цели на компанијата од 2012. година, кои се успешно спроведени.

Huawei има цел да стане најголем производител на телефони на светот. Целта за Honor подбрендот е да држи чекор и да стане четврти најголем бренд глобално, односно втор во Кина. Huawei и Honor блиску ќе соработуваат за да ги развиваат иновативните технологии во иднина и кооперативно ќе работат на дистрибуција и малопродажба.

Потрошувачката дивизија сега е најголемо одделение во рамките на Huawei. Минатата година, ова одделение според резултатите го надмина Huawei бизнисот со провајдерски мрежи, со заработка од 52 милијарди долари, што претставува зголемување од 45,1 проценти на годишно ниво.

Honor имаше уште поголем раст (170 одсто на годишно ниво) и рангиран е на второ место кога е во прашање онлајн продажбата. Брендот подоцна во текот на година ќе го претстави својот прв 5G смартфон.