Фармацевтската групација „Баер“ од Леверкузен се најде на удар на хакери од Кина, а се претпоставува дека групата дејствувала по налог на кинеската влада, објавија денеска германските медиуми.

„Нашиот центар за сајбер безбедност уште од почетокот на 2018 регистрираше занаци на активност на хакерката група Winnti и започна со детални анализи“, стои во соопштението на „Баер“.

Во трага на хакерската група Winnti, која според германските безбедносни служби и ИТ-експерти, работи по налог на кинеските власти, влегле група новинати од јавните сервиси BR и NDR, по што ја известиле управата на „Баер“.

Според наводите од концернот, ИТ-системот на „Баер“ кон крајот на минатиот месец бил целосно исчистен од штетен софтвер кој, засега по непознат пат, групата Winnti го инсталирала во системот на германската компанија. Според „Баер“, во нападот не се одземен никакви материјали бидејќи напаѓачите не биле активни во таа насока.

Државниот правобранител во Келн, кој е надлежен за овој случај, не сакал да ги открие деталите за хакерскиот напад на „Баер“ и рекол дека таквата негова одлука е во интерес на истрагата.