Сингапур планира да воведе нов закон со кој би се подигнала борбата против лажните вести на потполно ново ниво.
Според предлог законот, властите би имале можност да ги отстранат сите написи за кои се смета дека ги кршат законските прописи. Освен тоа, големите интернет платформи како Фејсбук, Гугл и Твитер би морале да контролираат кои написи се лажни и да објавуваат извиненија и предупредувања дека написот е всушност лажна вест за читателите да можат сами да го формираат своето мислење.
Новинарите и борците за слобода на говор предупредуваат дека според новиот закон, поимот “лажна вест” е многу широк и остава простор за различни толкувања и злоупотреба.
Законот предвидува и високи парични и затворски казни за оние лица кои шират лажни вести и со тоа му штетат на општеството, но никој од сингапурската власт не бил спремен да појасни што точно значи тоа.
Еден од предлозите е на страниците кои во рок од шест месеци три пати ќе објават “лажни вести кои му штетат на јавниот интерес” да им се укине можноста од заработување, а како сето тоа ќе биде изведено, сѐ уште не е јасно.
Проблемот со лажните вести се зголеми во изминатите неколку години, а сѐ повеќе интернет платформи и организации активно се вклучуваат во борбата против нив.
Извор: Zimo.hr