TossingBot е робот што произлегува од соработката на Google и научниците од универзитетите MIT, Columbia и Princeton.

Станува збор за роботска рака што може прецизно да фрла предмети во различни облици. Во овој момент, роботот има можност прецизно да фрли одбран предмет во подвижна корпа што се движи надвор од досегот на роботската рака. Истиот предмет, TossingBot може да го фрли 500 пати за еден час.

За да биде прецизна роботската рака, се користи вештачка интелигенција што пронаоѓа подобри и побрзи начини за фаќање и фрлање на предметот без оглед на неговата големина и форма.