Xiaomi не го претстави својот флексибилен смартфон во текот на MWC минатиот месец, но компанијата прикажа тизер видео, со цел да ги извести корисниците дека е во игра за овој сегмент од пазарот. Кинеската компанија сега прикажа уште едно тизер видео, а единствено што ни останува е да дознаеме кога телефонот ќе биде претставен.

Уредот со екран на свиткување на компанијата Xiaomi е сличен на Huawei Mate X моделот. Присутни се тенки и стандардни рамки од сите страни, а екранот се свиткува кон надвор. Од конкуренцијата се издвојува поради тоа што свитливиот дел всушност се свиткува два пати. Тизерот покажува и прилично флуидна транзиција од таблет мод во смартфон режим на работа.

Покрај непознаниците за датумот на објава на уредот, не е познато ни како ќе се нарекува флексибилниот телефон на Xiaomi, ниту пак колку ќе чини.