Samsung официјално го презентира новиот мобилен уред, кој го претставува почетниот сегмент од Galaxy A серијата паметни телефони, а кој неодамна се појави на страниците на FCC агенцијата.

Станува збор за мобилниот уред Galaxy A01, кој вклучува 5,7-инчен Infinity-V екран со HD+ резолуција, осмојадрен процесор (четири CPU јадра на такт од 1,95 GHz и четири CPU јадра на такт од 1,45 GHz), 6 или 8GB RAM меморија, 128 GB простор за складирање, проширлив со microSD картички до 512 GB и батерија со капацитет од 3000 mAh.

Од задната страна се наоѓа главната 13-мегапикселна камера и секундардната 2-мегапикселна камера, додека од предната страна се наоѓа 5-мегапикселна селфи камера. Мобилниот уред содржи сензори за близина и светлина, како и акцелерометар.

Засега не е познато кога точно би можел да се појави на пазарот овој паметен телефон, а во продажба ќе пристигне во црна, сина и црвена боја.