Sony Mobile ја губи својата независност – и тоа веројатно е добра работа. Мобилната дивизија ќе биде споена со Sony TV, аудио и камера производите во одделението под името Electronics Products and Solutions.

Јапонската компанија овој потег го опиша како начин да се подобри синергијата помеѓу различните сегменти во компанијата Sony. Xperia линијата веќе доста работи позајмува од телевизорите и дивизијата на камери (посебно видливо во најновиот премиум Xperia 1 модел).

Sony ќе продолжи да известува за финансиските перформанси на своите Xperia смартфони. Сепак, некои се загрижени дека ова е обид даа се сокријат губитоците на мобилната дивизијаа, со спојување на истата со поуспешните Sony одделенија.

Sony овие денови поминува низ одредени забележителни промени. Еден од доказите за тоа е што досегашниот Извршен директот Каз Хираи, по 35 години поминати во компанијата, најави заминување во пензија, поточно од 18. мај ќе врши само должноста постар советник.