Верувале или не, една од најголемите замерки на корисниците на Samsung е фактот дека ја снема функцијата FM радио од уредите, па компанијата ја враќа, но не поради поплаките.

Samsung ја враќа опцијата за FM радио на идните модели Galaxy S9 i Galaxy S9+ и другите што ќе следат по нив.

Ако ги користите новите премиум Samsung уреди (S6/edge, S7/edge, S8/S8+, Note 8) веројатно веќе наете дека на списокот функции го нема FM радиото, а Samsung никогаш не даде официјално објаснување зошто е тоа така.

Компанијата се премисли, но причината не се замерките на потрошувачите: за да може, во итни случаи, корисниците да дојдат до информации за вонредни сутуации или природни катастрофи преку локалните или националните FM станици, кога нема сигнал или интернет пристап.

Извор: Mondo.rs