Xiaomi M2011K2C, за кој се очекува дека ќе пристигне како Xiaomi M 11, само што го доби својот 3C сертификат. Уредот ќе пристигне со MDY-12-EQ полнач, кој поддржува брзини на полнење до 55W, што укажува дека тоа ќе биде и брзината на полнење на телефонот.

Засега не е многу официјално потврдено за Xiaomi M11, иако гласините сугерираат дека смартфонот ќе се појави пред крајот на годината, па тоа би можело наскоро и да се промени.  Имаме потврда дека телефонот ќе го користи најновиот Snapdragon 888 чипсет. Тука е и Mi 11 Pro моделот со истиот чип.

Неодамна се појавија капацитетите на батериите за Xiaomi Mi 11 и Mi 11 Pro, кои сугерираат на 2390mAh за секоја од двете батериски ќелии кај Mi 11 моделот, што укажува на тоа дека вкупниот капацитет на батеријата ќе изнесува 4780mAh. Кај Mi 11 Pro моделот тоа ќе биде 4970mAh, со две ќелии на батеријата од по 2485 mAh.